About Us » Tanja Kokev

Кокев – македонски бренд на луксузна мода 

Кога го создавав Брендот Кокев, имав голема желба и многу љубов. Но, тие се првиот предуслов, понатаму тие два предуслови треба цело време да бидат потхранувани со многу работа, креативност и уште повеќе желба и љубов.

Создавање на луксузен бренд наспроти некој што е позициониран за масовна употреба е потешко. Треба да ги убедите клиентите дека сте на ниво на некој што им е аспиративен, кој им предизвикува желба па дури и магија – некој како Гучи, Прада, Диор... Не е лесно затоа што квалитетот не е доволен. Треба да се создаде целосна слика која ќе соодветствува на приказната за она што го работите.

Брендот е всушност исполнување на ветувањето од аспект на она што го очекуваат клиентите (квалитетот, материјалот, изработката) и од аспект на исполнување на сопствените конкретни ветувања (дека некој ќе се чуствува сигурен додека носи Кокев, дека ќе биде навреме готова тоалетата за свечениот чин...). А, ветувањето е одговорност која треба да ја понесеш, но тоа е единствениот  начин да се успее.

Не ни сонував дека еден ден Кокев ќе биде еден од најетаблираните модни брендови во Македонија. Брзо сфатив дека желбата е едно а бизнисот друго и дека за да изградиш бизнис мораш да изградиш препознатлив бренд. Свесно одев кон тоа дека за да станам некој треба да изградам вредности кои ќе го направат брендот да биде ценет, убедлив и со кредибилитет.

Ви благодарам на довербата

Со Љубов
Тања Кокев